ПО ОДЛУКАТА НА ФИФА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ

Европа ќе добие најмалку 16 селекции на СП 2026

Стариот континент ќе добие барем дополнителни три места според новиот формат на планетарните собири

објавено: 10 јануари 2017 - 12:12

Најновите промени на ФИФА значи и зголемување на шансите на националните селекции да се најдат на завршницата од Светските првенства. Меѓународната федерација денеска одлучи бројот на учесници на Мундијалите да се зголеми од 32, на 48. Оваа промена ќе стартува со шампионатот во 2026 година. 

Вкупно 12 репрезентации плус значи и дека сите континентални федерации ќе добија дополнителни места. Европа ќе остане доминантна. Стариот континент досега имаше 13 сигурни места, а од 2026 година се очекува да има барем 16 учесници. 

Вкупно ќе се играат 80 натпревари за 32 дена на турнирот. Зголемениот број на учесници ќе значи дека ќе треба и повеќе стадиони, повеќе градови, повеќе место за сите учесници. 

Според најавите, ќе има три земји кои може да бидат организатори на историскиот Мундијал. Мексико, САД и Канада се подготвени да ја превземат организацијата на планетарниот собир за девет години. 

Најново во Меѓународен Фудбал