Почна големото финале во Копа Либертадорес

Фановите на Бока приредуваат неверојатна атмосфера на „Ла Бобонера“ (ВИДЕО)

Вчера одложеното финале на Копа Либертадорес денеска стартуваше во нормални услови и фантастична атмосфера на трибините.

објавено: 11 ноември 2018 - 20:24

Поради страшното невреме кое вчера го погоди Буенос Аирес, првиот финален меч од Копа Либертадорес меѓу лутите градски ривали, Бока Јуниорс и Ривер Плата беше презекажано за денеска. Дуелот почна во 20 часот според средно-европско време, а фановите на домашната екипа се потрудија да направат незаборавна атмосфера за овој раритетен дуел.

Останува да видиме каква ќе биде атмосферата на крајот, но на почетокот беше навистина жешко на трибините на „Ла Бобонера“, каде Бока ја има улогата на домаќин на првиот финален меч.

Најново во Меѓународен Фудбал