Неверојатна сцена во Купот на Португалија

Фаул од судијата за црвен картон (ВИДЕО)

Фудбалерот на Порто, Данило имаше веќе жолт картон, но, по една комична ситуација каде се судри со главниот делител на правдата, неочекувано беше испратен во соблекувалната

објавено: 4 јануари 2017 - 16:30

Во многу голем број на случаеви, кога одреден фудбалер ќе добие црвен картон, помислуваме дека му го „земал здравјето" на противникот. Но, во модерниот фудбал излегуваат сè покомични ситуации. Последен случај беше на Данило, фудбалер на Порто.

Тој на вчерашниот меч од Купот на Португалија, беше испратен во соблекувалните по еден судар со главниот судија. Делителот на правдата му даде втор жолт картон, откако претходно направи фаул.

„Многу пати ја прегледав снимката и уште не ми е јасно како бев исклучен" напиша Данило на социјалните мрежи.

Најново во Меѓународен Фудбал