По последниот дебакл пред своја публика

Фенер му врачи отказ на Коку, Елмас ќе добие нов тренер!

Холандскиот стратег го напушта кормилото на истанбулскиот гигант по само 4 месеци откако дојде на чело на тимот.

објавено: 28 октомври 2018 - 22:46

По последниот пораз на домашен терен од екипата на Анкарагучу, Филип Коку повеќе не е тренер на екипата на Фенербахче.

Холандскиот стратег го напушта кормилото на истанбулскиот гигант по само 4 месеци откако дојде на чело на тимот. Коку беше назначен за нов тренер на Фенер ова лето откако имаше успешна одисеја на кормилото на холандски ПСВ, со кој освои три титули во холандскиот шампионат. Сепак, Фенер очигледно излезе преголем залак за него, а стартот на оваа сезона беше очаен.

Под водство на 47-годишниот стручњак, Фенербахче има само 9 бода во 10 одиграни меча, што беше сосема доволно управата вечерва да му врачи отказ.

Најново во Меѓународен Фудбал