Противникот на Вардар уште ќе се засилува

Фенербахче му „фрли око“ и на Орељана од Валенсија

Екипата на Фенербахче, противникот на Вардар во завршниот двомеч за пласман во фазата по групи сака да го ангажира десното крило на Валенсија, Фабијан Орељана

објавено: 15 август 2017 - 10:30

Екипата на Фенербахче, противникот на Вардар во завршниот двомеч за пласман во фазата по групи сака да го ангажира десното крило на Валенсија, Фабијан Орељана.

ШЌпанските медиуми објавија дека преговорите се во тек, а 31-годишниот репрезентативец на Чиле сака да игра за Фенербахче, а и Валенсија нема ништо против да го продаде во овој преоден рок. Трансферот може да се комплетира до последниот ден од овој месец кога завршува летниот преоден рок, а едно е сигурно, дека Орељана и да пристигне во Фенербахче нема да игра против Вардар.

Првиот меч меѓу турскиот гигант и нашиот првак се игра во Скопје за два дена, а реваншот е на 24. август во Истанбул. Подобриот состав ќе игра во фазата по групи во Европа Лигата.

Најново во Меѓународен Фудбал