ДЕБИТАНТОТ ВО РЕДОВИТЕ НА ФРАНЦИЈА СО ИНТЕРЕСНА ИЗЈАВА

Ферлан за повикот од репрезентацијата: Мислев дека некој се шегува со мене

Франција вечерва ќе игра со Холандија во рамките на Лигата на нациите и им е потребен барем бод да го освојат првото место во групата

објавено: 16 ноември 2018 - 18:45

Поради неколку откажувања (Погба, Лаказет, Марсијал, Менди, Ернандез) селектрот Дидие Дешан се одлучи да го врати Муса Сисоко, но и да повика двајца дебитанти. Едниот е Алесане Плеа од Борусија Менхенгладбах, а другиот е 23-годишниот лев бек на Лион Ферлан Менди.

Спиев и не го слушав телефонот, а тој си ѕвонел, ѕвонел... Кога се подразбудив видов дека имам многу пропуштени повици од непознат број. Ми испратил дури и порака: 'Јави ми се, итно е'. Се прашував кој е сега овој, си реков, што сум направил сега што ми праќаат ваква порака. Прво мислев дека е  грешка. Се јавив и прашав дали постои некој проблем? На другата страна беше асистентот на селекторот Дешан. Тој ми ја кажа добрата вест. Ми рече да се спакувам и веднаш да и се приклучам на репрезентацијата. Прво мислев дека некој се шегува со мене. Уште без поспан и не размислував што се случува. Ми требаа неколку минути за да се освестам и да сватам дека не е шега, навистина ме викнаа да играм за Франција. Набрзина го спакував куферот и заминав", изјави Ферлан.

Најново во Меѓународен Фудбал