ХРВАТИТЕ ДОБИЈА КАЗНА И ЗА ПИЈАЛОКОТ

Бизарен потег: ФИФА го опомена Субашиќ за мачиката со ликот на Ќустиќ

Голманот на хрватската репрезентација, Даниел Субашиќ беше херој во осминафиналето на Светското првенство. 

објавено: 6 јули 2018 - 10:00

Хрватска успеа да ја елиминира Данска по изведувањето на удари од белата точка, а најзаслужен за триумфот беше голманот Даниел Субашиќ, кој блескаше во пенал серијата.

Субашиќ одбрани три удари од белата точка, по завршување на мечот тој го соблече својот дрес и пласманот во четвртфиналето го прослави со маичка со ликот на Хрвоје Ќустиќ, неговиот пријател и соиграч кој почина во 2008 година на натпреварот Задар - Цибалија кога удри со главата во ѕидот покрај теренот и пет дена подоцна подлегна на тешките повреди на главата.

Хрватскиот голман секогаш му оддава почит на својот голем пријател, но овој пат ФИФА испрати предупредување до Хрватска, фудбалерите на својата опрема не смеат да истакнуваат лични пораки. Исто така ФИФА ја казни оваа репрезентација со 70.000 швајцарски франци оти за време на Мундијалот дел од играчите консумирале пијалок од произведувач кој нема ексклузивни права за СП.

 

Најново во Меѓународен Фудбал