ПОЗНАТИ НАЈДОБРИТЕ 23 ИГРАЧИ

ФИФА ја објави листата на кандидати за фудбалер на годината

Очекувано Кристијано Роналдо и Лионел Меси ќе бидат меѓуи главните фаворити за освојување на наградата

објавено: 4 ноември 2016 - 14:15

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави списокот на 23 играчи кои влегоа во конкуренција за најдобар фудбалер во 2016 година. ФИФА од оваа година самостојно го организира изборот за најдобар, откако ја раскина соработката со „Франс Фудбал“. Францускиот магазин ќе продолжи со доделувањето на „Златната топка“, додека ФИФА сега има свој избор. 

Според правилата, во изборот ќе учествуваат повеќе категории. Стандардно ќе се земат гласовите на сите капитени и селектори на националните репрезентации, како и новинарите. Овојпат новина е што во гласањето ќе учествуваат и навивачите. Гласањето на навивачите ќе трае до 22 ноември. 

Официјално најдобриот фудбалер за 2016 година според ФИФА ќе биде прогласен на 9 јануари 2017 година на гала свеченост во Цирих. 

Најново во Меѓународен Фудбал