ОНИЕ КОИ ИМААТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ, ДОБРО ЌЕ СЕ ОПАРАТ

ФИФА ќе подели 178 милиони евра на клубовите, ништо за македонските екипи

Продолжува традицијата Светската фудбалска федерација да дава дневници на клубовите 

објавено: 10 јуни 2018 - 10:32

Меѓународната фудбалска федеација (ФИФА) вети дека ќе ја продолжи традицијата да плаќа дневници на оние клубови кои имаат свои играчи на Светското првенство. Како што е договорено, клубовите ќе добиваат по 7.304 евра од ден за секој играч поединечно што ќе биде дел од собирот во Русија. 

Теоретски, оние играчи кои ќе останат до крајот на Мундијалот, на своите екипи ќе донесат по 350.000 евра, односно 7.304 евра за сите 48 поминати денови. Според пресметката, ФИФА вкупно ќе подели 178 милиони евра, а интересно е што од овие пари ниту едно евро нема да заврши кај нашат екипа, бидејќи ниту еден играч кој е дел од македонското првенство нема да биде на Светското првенство во Русија.

Најново во Меѓународен Фудбал