во чест на починатиот капитен

Фиорентина уште еднаш покажа колку им значеше Астори

Тренинг центарот на „виолетовите“ ќе го носи името на прерано згаснатиот живот на Давиде Астори

објавено: 18 март 2018 - 22:00

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина и официјално објави дека тренинг центарот ќе го носи името на неодамна починатиот капитен Давиде Астори. Челниците на тимот од Фиренца со овој потег само уште еднаш сакаат да потенцираат колку им значеше играчот кој пред две недели почина од срцев удар. 

Бројот 13 кој го носеше Астори веќе ниту еден играч нема да го носи во Фиорентина, а сега во чест на Давиде, тренинг центарот на клубот, ќе го носи негово име. 

„Изминатата недела беше многу тешка за нас. Им благодариме на сите кои покажаа почит во овој тежок период. Сакаме да му го посветиме нашиот тренинг центар, бидејќи тоа беше негов дом. Тука го поминуваше слободното време со своето семејство. Повеќе нема да се вика Кампини, туку тренинг центар Давиде Астори. Тоа е прва иницијатива со која сакаме да покажеме дека тој е посебна личност и ќе биде со нас секој ден“, рекоа од таборот на Фиорентина. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал