НЕ СОНУВАА ДЕКА АМЕРИКА НЕМА ДА СЕ ПЛАСИРА НА МУНДИЈАЛОТ

Фокс искешира 400 милиони долари за СП, а САД нема да патува во Русија

Американскиот медиумски гигант Фокс-спорт плати огромна сума на пари за откуп на ТВ-правата за Светското првенство во Русија. Но, нивната репрезентација ги шокираше, по 1986 година за првпат нема да биде дел од еден Мундијал. 

објавено: 12 октомври 2017 - 17:00

Американскиот медиумски гигант Фокс-спорт плати огромна сума на пари за ТВ-правата на натпреварите од Светското првенство во Русија. Но, нивната репрезентација ги шокираше, по 1986 година за првпат нема да биде дел од еден Мундијал.

Пред завршувањето на квалификациите за СП никој не сонуваше дека САД нема да се најде на списокот на патници за Русија. Американците во последното коло загубија од Тринид  и Тобаго со 2-1.

Фокс Спорт ги обезбеди правата за пренос на Светското првенство во Русија претходно оваа година, а за ова задоволство плати 400 милиони долари. 

Но, американски бизнисмени направиле нешто што може да ја спаси инвестицијата. Имено, кога ги откупиле ТВ правата за СП 2018, тие исто така ги обезбедиле и правата за СП 2022 во Катар, така што 400 милиони долари веројатно нема комплетно да паднат во вода.

 

Најново во Меѓународен Фудбал