МЕЃУСЕБНА ПОДДРШКА

ФОТО НА ДЕНОТ: Српските навивачи со „тробојка“, а хрватските со „шаховница“!

Репрезентацијата на Србија го очекува еден од најважните натпревари во историјата.

објавено: 27 јуни 2018 - 14:30

Ако сака пласман во осминафиналето, вечерва на Светското првенство мора да го совлада Бразил.

И реми ги носи во елиминациските борби, но во таков случај Швајцарците мора да загубат од Костарика.
Владее еуфорија во главниот град на Русија, а одлична фотографија направија навивачите на Србија и Хрватска.

Од Москва се огласи еден навивач на Србија и објави слика која ја краси „тробојка" и „шаховница".

„Јас како Србин сметам дека некој мора да стави точка на тоа. Би ме радувало една насловна во која ќе пишува дека Србите и Хрватите заеднички слават и меѓусебно ја смират омразата", рече еден од српските фанови.

Хрватите со три максимални победи во групната фаза се пласираа во осминафиналето каде што ќе ги одмерат силите против Данска на 1. јули.

Најново во Меѓународен Фудбал