Ќе бијат битка за опстанок со нов тренер

Биелса доби отказ во Лил

Поранешниот селектор на Аргентина, Марсело Биелса доби отказ во Лил, а францускиот прволигаш утре на дуелот со Дижон ќе почне со нов кормилар

објавено: 15 декември 2017 - 21:28

Поранешниот селектор на Аргентина, Марсело Биелса доби отказ во Лил, а францускиот прволигаш утре на дуелот со Дижон ќе почне со нов кормилар.

Биелса дојде во Лил во мај годинава, но во новата сезона имаше лош период, па Лил се наоѓа во зоната за испаѓање, што не соодветствува на квалитетот на екипата, ниту на амбициите на некогашниот учесник во Лигата на шампионите.

Биелса има одлично реноме, беше селектор на Аргентина и Чиле, потоа беше и тренер на Марсеј, Лацио..., но имаше неуспешна епизода во Лил.

Најново во Меѓународен Фудбал