ИНТЕРЕСЕН МОМЕНТ НА МЕЧОТ МЕЃУ АЈАЧИО И ЛЕ АВР

Чуден пенал досуден во Франција (видео)

На прв поглед се е регуларно. Но дали се испочитувани правилата? Не! Зошто? Погледнете самите...

објавено: 21 мај 2018 - 22:30

Францускиот второлигаш Ајачио избори финале на плеј-офот за пласман во Лига 1 откако го елиминира Ле Авр. Но натпреварот имаше чуден тек затоа што е решен на пенали, во кои судијата покажа четири црвени картон и необичен пенал.

Во 108 минута кога гостите беа во напад и откако не ја реализирале шансата, а топката останала во игра, домашниот играч Матје Котадур одлучил да се расправа со судијата. А арбитарот ја прекина играта и покажа пенал.

Чудна ситуација но се е според правилата. Пред две години е воведено правило според кое секој физички напад на судијата се казнува со црвен картон и слободен удар за другата екипа, односно пенал ако контактот на играчот со судијата се во шеснаесетникот.

Најново во Меѓународен Фудбал