МОЖЕТЕ ДА ГО МРАЗИТЕ КОЛКУ ШТО САКАТЕ, НО...

Дани Алвес е најтрофејниот фудбалер на сите времиња – дома има 36 пехари

Со освојувањето на францускиот Лига куп како играч на ПСЖ, Дани Алвес изби на првото место на листата...

објавено: 2 април 2018 - 15:20

Во својата богата кариера, бекот на бразилскито национален тим има освојувано пехари токму со „Селесао", се радувал и како играч на Севиља, Барселона, Јувентус. а сега тоа го прави и со ПСЖ.

Во саботата навечер Алвес го подигна својот 36. пехар во кариерата. А на добар пат е да освои уште најмалку еден – титулата на шампион во Франција.

Според бројот на освоените трофеи Алвес го надмина својот сонародник Максвел со кој се изедначи уште во август кога како нов играч на тимот од Париз, го освои францускиот Суперкуп.
Човекот кој за себе вели дека е еден обичен Бразилец кој многу го сака фудбалот, кариерата ја започна во 2001 година, во локалниот клуб Бахиа со кого во втората сезона го освои Купот.
Од тој момент па се до саботата навечер, тој список е импресивен.

Најново во Меѓународен Фудбал