РАМПА ЗА ЗИМСКИТЕ ТРАНСФЕРИ ВО ПСЖ

ЕМЕРИ: Сакам Пасторе и Ди Мариа да останат

Ако се прашува тренерот, тогаш, во наредниот зимски преоден рок нема сензационални заминувања од Париз...

објавено: 23 декември 2017 - 17:25

Беше најавено и порано, се потврдуваше и сега дека Хавиер Пасторе го одигра својот последен натпревар во дресот на ПСЖ. Истите тие приказни се однесуваа(т) и за неговиот аргентински соиграч Анхел Ди Мариа.
Но се чини дека јануари нема да биде месецот, а 2018 годината во која овие двајца одлични (и скапи) фудбалери ќе си заминат од „градот на светлината“.
Посебно ако за тоа се прашува првиот тренер на ПСЖ, Унаи Емери.

"Разговарав со нив, и им реков дека се доста важни за тимот. Морате да се адаптирате на својата улога. Секој играч сака да ги одигра сите натпревари. Некогаш не се задоволни кога нема да го одиграат.Но тоа не ми го кажаа. Среќен сум со нив двајца, сакам да останат, важни се "- рече Емери во едно интервју за РМЦ Спорт.

За Пасторе се говори дека е блиску до премин во милански Интер. „Сино-црните" го сакаат и Ди Мариа.
Но желбата на Емери е и едниот и другиот да останат. Дали ќе се исполни, ќе видиме за време на празниците.

Најново во Меѓународен Фудбал