ЌЕ ЗАИГРА ЗА „ТРИКОЛОРИТЕ" СО ПОЛНИ 28 ГОДИНИ

ГОЛОВИТЕ СЕ НАЈДОБРАТА ПРЕПОРАКА: Бен Једер дочека повик од Дешамп

Напаѓачот на Севиља кој пред неколку вечери му даде два гола на Манчестер Јунајтед е повикан во составот на Франција за пријателските средби на со селекциите на Колумбија и Русија...

објавено: 15 март 2018 - 21:55

Висам Бен Једер беше најзаслужниот за преминот на Севиља во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Па сега, макар и на 28. годишна возраст дочека да добие повик за настап во националнито тим.

И тоа оној на селекцијата на Франција.
Иако по потекло е од Тунис, Бен Једер некогаш беше дел од младинската репрезентација на „триколорите".
„Секако, не се само во прашање головите кои ги постигна на 'Олд Трафорд''- смета францускиот селектор Дидие Дешамп во образложението на списокот на повикани играчи за претстојните „контроли".

„Одигра четири или пет сезони со постигнати повеќе од 15 голови. Не игра на секој натпревар, но секогаш може да биде опасност кога ќе влезе од клупата. Тоа не го може секој играч"- смета француската легенда на клупата на националниот тим.

Интересна е една статистика која вели дека во овој момент само тројца француски офанзивци имаат подобар ефект од „шпицот" на Севиља.

Повеќе голови од него имаат Антоан Гризман (135), Александер Лаказет (126) и Карим Бензема (121), додека пак засега Висам Бен Једер е на бројката од 106 гол, а исто колку што има и Оливие Жиру, новиот играч на Челзи.
Покрај Бен Једер, деби-покана за мечевите со Колумбија и со Русија доби и играчот на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез.

Најново во Меѓународен Фудбал