СКАНДАЛОЗНИОТ ФРАНЦУЗИН СО ПРАШАЊЕ

КАНТОНА ДО НЕЈМАР: Имаш 25 години и играш за Барса, што бараш во Франција?!

„Тоа нема врска со фудбалот и страста за него, тоа е алчност"- вели легендарниот фудбалер...

објавено: 16 ноември 2017 - 19:35

И како играч беше таков, а и сега, кога е одамна во пензија, не се срами да го каже тоа што го мисли, и тоа секому во лице.

Ерик Кантона, големиот фудбалски „бунтовник", со или без причина, сеуште не е разјаснето, овојпат го одбра Нејмар како своја „тема за дискусија". Пред се не штедеше критики за неговата одлука играњето во Барселона да го замени со она во ПСЖ...

„Кога имаш 25. години, и играш стандардно за Бразил и за Барселона, навистина ме интересира што те мотивираше да заминеш во Франција, и да играш со Амиен или Генгамп. Тоа нема врска со фудбалот и страста кон него, туку тоа се граничи со една голема алчност" - рече Kантонa

Тој го „симнува од дневен ред" како аргумент, дека Нејмар е во Париз само поради Лигата на Шампионите.

„Тоа натпреваруавње е собрано во десетина натпревари, и мислам дека не е потребно да дојде во Франција за да игра во Лигата на шампионите. Тоа можеше да го работи и во Барселона..." - порача проблематичниот Ерик.

Најново во Меѓународен Фудбал