ОЧАЈНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ГО НАПРАВИЈА СВОЕТО

Марсеј поради дивеењето на навивачите оди на продажба

Сопственичката на Олимпик Марсеј, Маргарита Луис Дрејфус реши да го стави тимот од „Велдром“ на продажба по инцидентите кои ги приредија навивачите пред неколку дена.

објавено: 15 април 2016 - 10:37

Луис-Дрејфус стана сопственик на клубот во 2009 година кога почина нејзиниот сопруг, но реши дека нема сили веќе да се бори сама, па затоа го стави клубот на продажба. Како што тврди таа, на нејзина адреса се пристигнати веќе неколку понуди.

„Не ме интересира цената, туку единствено што ме мачи е дали новите сопственици ќе изградат тим за почит. Марсеј заслужува да е конкурентен на европските великани. Роберт и јас долги години вложувавме пари од нашиот џеб затоа што го сакавме овој тим“, вели Маргарита.

Руско-швајцарската милијардерка која има 53 години го стави клубот на продажба само неколку дена по дивеењето на навивачите кои се незадоволни од лошите резултати на тимот оваа сезона.

Најново во Меѓународен Фудбал