ПУКНА ТИКВАТА

Монако го избрка креаторот на шампионскиот тим

Очекувано! Францускиот Монако го избрка тренерот Леонардо Жардим поради очајните резултати во новата сезона

објавено: 11 октомври 2018 - 14:40

По пет првенствени порази во девет кола (една победа), катастрофално 18 место на табелата и вкупно десет меча по ред без триумф (заедно си тие од ЛШ) беа причините што клубот од „Кнежевството" реши да го смени португалскиот стратег.

Монако со Жардим беше шампион на Франција во 2017 година, а истата сезона стигна до полуфиналето на ЛШ, меѓутоа во последните две сезони клубот е во пад, а оваа сезона е непрепознатлив. Тоа пред се се должи на распродажбата на фудбалерите од шампионската генерација, а Жардим не успева да ги вклопи новаците во тимот.

Најново во Меѓународен Фудбал