Го декласираа ривалот за круната

Му се стемни на Монако во градот на светлината - ПСЖ со шоу и седмица ја запечати титулата

Пари Сен Жермен со стил и во прекрасно фудбалско шоу ја освои титулата во Франција, а декласиран беше главниот ривал Монако со 7:1

објавено: 16 април 2018 - 08:30

Пари Сен Жермен со стил и во прекрасно фудбалско шоу ја освои титулата во Франција, а декласиран беше главниот ривал Монако со 7:1. На тимот од кнежевството му се стемни во градот на светлината во фестивалот од голови во режија на фудбалските мајстори од Париз.

Прекрасните потези проткаени со петица на Кавани, лоб на Ди Марија, па дури и авотогол на најдобриот стрелец на Монако, Фалкао, ја креваа публиката на нозе. На крајот Монако доживеа тежок дебакл во една од најубавите фудбалски претстави сезонава во Европа, синоќа во режија на новиот шампион на Франција.

На пет кола до крајот на првенството ПСЖ има недостижни 87 бодови, пред Монако со 70 и Лион и Марсеј со по 66.

Најново во Меѓународен Фудбал