ЌЕ ПАУЗИРА САМО ВЕЧЕРВА ПРОТИВ НИЦА

На Нејмар му попуштаат дури и од дисциплинската комисија

Бразилецот доби црвен картон на дербито против Олимпик Марсеј, кога за само три минути два пати беше јавно опоменет од судијата 

објавено: 27 октомври 2017 - 20:00

Бразилската суперѕвезда Нејмар, ќе го пропушти само вечерашниот меч на Пари Сен Жермен против Ница. Најскапиот фудбалер во светот, доби црвен картон на дербито против Олимпик Марсеј, а дисциплинската комисија реши дека треба да паузира само на една средба.

Францускиот најпрво доби жолт картон, а потоа поради удар на противнички играч, заработи и втор жолт картон, што автоматски значеше и негово исклучување од игра. Поради овој испад, Нејмар е казнет само со минимална казна. Тоа е стандардниот еден меч суспензија, што значи дека нема да може да игра вечерва против Ница, а потоа ќе биде во стројот на тимот кој е прв фаворит за титулата.

Најново во Меѓународен Фудбал