СЕГА Е ДОМА, И НЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПАРИЗ

НЕЈМАР ГО ОДИГРАЛ ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ЗА ПСЖ: Се подготвува ли трансфер на столетието?

До крајот на оваа сезона Бразилецот нема да се враќа на теренот во дресот на парискиот тим. А прашање е дали воопшто ќе продолжи со „светците"...

објавено: 13 март 2018 - 10:30

Најскапиот фудбалер на светот, наводно е несреќен во Париз. Очекувал многу повеќе кога во рекордниот трансфер од 222.милиони ја замени Барселона со ПСЖ. Се надеваше дека ќе биде миленик на навивачите, дека лигата ќе биде поинтересна, и дека ПСЖ ќе се бори за титулата во Лигата на Шампионите.

Шпанскиот АС тврди дека Нејмар брзо се разочарал со новата средина, и на својот татко му порача да започне операција за заминување од Париз, и тоа по секоја цена.
„Нема да се враќам во Париз" – наводно им рекол Нејмар на своите пријатели.
Францускиот „Парисиен“ дознава дека дошло до состанок ма спортскиот директор на ПСЖ, Антер Хенрике со играчот и неговите претставници после што Хенрике признал дека не може да гарантира останување на 26.годишниот фудбалер.

Доволно за вистинска паника во Париз каде на разни начини го убедуваат Нејмар на останување, а дури и претставниците на клубот отпатувале на дополнителни разговори со него.

„Ако мене ме праша некој, јас веднаш би го вратил. Не само поради односот кој го имам со него, туку и поради тоа каков играч е. Во својот тим секогаш би го ставил Нејмар"- порача Иван Ракитиќ, а слично размислуваат и другите фудбалери на Барселона.

А со раширени раце го чекаат и во Реал Мадрид. Дури капитенот Серхио Рамос јавно порача дека Нејмар е вистинскиот играч за Реал.
А кој сака да го доведе ќе мора да му плати многу пари на ПСЖ, можеби и повеќе од 300.милиони евра. А наводно Бразилецот е подготвен да игра и за помала плата само за да си замине од „градот на светлината":

Најново во Меѓународен Фудбал