БРАЗИЛЕЦОТ ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА СЛУША СЕ ШТО СЕ ЗБОРИ ЗА НЕГО

Нејмар се изнервира и ја „отвори душата“

Најскапиот играч во светот, реши да стави крај на сите шпекулации

објавено: 11 ноември 2017 - 12:40

Откако направи трансфер во Пари сен Жермен и стана најскап фудбалер во историјата, Нејмар постојано е на мета на разни приказни. Најпрво го скараа со соиграчот Единсон Кавани, потоа дека не бил во добри односи со тренерот Унаи Емери и дека сам бирал на кој меч ќе игра, а на кој не паузира, за на крај дека е несреќен во ПСЖ и дека може да се врати во Барселона или дури и да потпише за Реал Мадрид. 

Самиот играчи реши јавно да проговори за сите овие шпекулации. 

„Немам никакви проблеми со Кавани, ниту со тренерот Емери. Ние сме дел од тимот бидејќи тренерот смета на нас. Јас се обидувам постојатно да се докажам. Ве молам немојте да вадите шпекулации. Некои луѓе мислат дека знаат се, но всушност не знаат ништо. Среќен сум во ПСЖ и со овој клуб сакам да освојам трофеи“, рече Нејмар, во интервју за бразилскиот „О'Глобо“. 

Бразилецот одлично ја започна сезоната и импресионира со неговата игра, а „светците“ се главни фаворити не само за титулите во Франција, туку и за трофејот во Лигата на шампионите. 

Најново во Меѓународен Фудбал