„СВЕТЦИТЕ“ МОРА ДА ПРЕЗЕМАТ ДРАСТИЧНИ МЕРКИ

Нема шега со УЕФА: На ПСЖ му се заканува елиминација од Лигата на шампиони

Имено, по бројните жалби за кршење на финансискиот фер-плеј од страна на ПСЖ, упатени од страна на европските гиганти Реал, Баерн и Јувентус, Европската куќа на фудбалот му се закани на францускиот тим дека во следната сезона нема да се натпреварува во ЛШ, дури да се квалификува.

објавено: 26 септември 2017 - 08:30

Иако претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келафи редовно истакнува дека клубот функционира во согласност со финансиската фер-плеј игра на УЕФА, и покрај трансферот на Нејмар од 222 милиони евра, се појавија информации дека „светците" се принудени да преземат драстични мерки да за може да се натпреваруваат во Лигата на шампионите.

„Ел Паис", весникот кој ја откри информацијата дека ПСЖ на Едисон Кавани му понудил милион евра за да се откаже од изведување на пенали, сега тврди дека УЕФА одлучила да го притисне тимот и неговите богати соопственици.

Имено, по бројните жалби за кршење на финансискиот фер-плеј од страна на ПСЖ, упатени од страна европските гиганти Реал, Баерн и Јувентус, Европската куќа на фудбалот му се закани на францускиот тим дека во следната сезона нема да се натпреварува во ЛШ, дури да се квалификува.

Неофицијално по заканата на УЕФА првиот човек на ПСЖ сериозно размислува да продаде одреден број на играчи за да клубот ги исполни условите на финансискиот фер-плеј. Во следните 48 часа на трансфер листата треба да се најдат дури осумина фудбалери.

Во летниот преоден рок се шпекулираше дека Ди Мариа и Лукас Моура ќе го напуштат ПСЖ, па се верува дека тие ќе се најдат на листата, додека се најавува и заминување на Дракслер.

Најново во Меѓународен Фудбал