Најдоа кормилар

Пари Сен Жермен си најде замена за Емери - Томас Тухел ќе ги предводи „светците“ од Париз

Германецот Томас Тухел е веќе договорен со раководството на Пари Сен Жермен и тој ќе го наследи Унаи Енери на клупата на францускиот шампион

објавено: 9 април 2018 - 16:50

Германецот Томас Тухел е веќе договорен со раководството на Пари Сен Жермен и тој ќе го наследи Унаи Енери на клупата на францускиот шампион од идната сезона.

Емери не ги исполни амбициите на ПСЖ и ќе си замине по завршувањето на оваа сезона, а веќе е сигурно дека Тухел ќе го наследи.

Тухел беше тренер на Мајнц и блескаше на клупата на овој тим, а потоа се чпресели во Борусија Дортмунд, екипа со која го освои купот на Германија, но потоа беше сменет.

Сега ќе има нов предизвик и тоа голем, да ги предводи „милионерите“ од Париз.

Најново во Меѓународен Фудбал