НОВИНАРСКА СНАОДЛИВОСТ

ПОСИЛЕН ОД СИСТЕМОТ: „Гугл транслејт“ комуникација со Гризман! (ВИДЕО)

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман синоќа изјави дека донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата, но и дека не е вистинско време да се соопшти во јавноста...

објавено: 13 јуни 2018 - 16:30

Но францускиот репрезентативец сепак беше „натеран" да зборува за оние клупски теми.

Портпаролот на фудбалската федерација на Франција пред почетокот на прес-конференцијата за медиумите, соопшти дека прашањата можат да се поставуваат исклучиво и само на француски јазик како би се одбегнал момемтот шпанските новинари да се распрашуваат за иднината на напаѓачот на Атлетико Мадрид.

Меѓутоа, еден новинар го „излажа системот" и со помош на апликацијата „гугл транслејт" постави прашање кое „не смееше да се постави".

 Сите присутни во салата, вклучувајќи го и Гриман, се насмеаја, а единствен кому сето тоа не му беше сеедно, беше портпаролот на францускиот национален тим.

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал