ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОТ...

ПСЖ му пукна „петарда" на Стразбур

После поразот од Реал Мадрид во Лигата на Шампионите, парижаните ја продолжија победничката серија во Лига 1...

објавено: 17 февруари 2018 - 20:40

На својот стадион, на "Паркот на принцовите" го разбија Стразбур. Славеа со убедливи (5:2), доволно за 18 победа во францускиот шампионат, во псоледните 19 натпревари на домашен терен во Лига 1.
Исто така ова беше 36. натпревар по ред, на домашен терен во кој тимот на Унаи Емери нема загубено.
Имаат ефект од 30. победи и шест нерешени натпревари.
А почетокот не ветуваше некој ваков развој на настаните затоа што гостите од Стразбур поведоа уште по шест минути од играта.

Но по само 21 минута ПСЖ имаше (3:1), по головите на Дракслер, Нејмар и Ди Марија.
Победата, со два гола ја осигура Едисон Кавани кој погоди во 73, и во 82.минута од играта.
Ова беше 13 „врзана победа" на тимот од Париз на домашен терен во првенството, а Нејмар и друштвото ги задржаа оние 12. бода предност во однос на Монако, и се доста блиску до титулата.

 

Најново во Меѓународен Фудбал