ФРАНЦУСКИОТ ТИМ ИМА „ПЕКОЛЕН“ ПЛАН

ПСЖ сака да ги спои најскапиот и најдобриот

ПСЖ не застанува дефинитивно, откако даде голема сума за Нејмар и Мбапе, најавува ново интересно лето

објавено: 18 ноември 2017 - 09:30

Во француските, англиските и шпанските медиуми веќе на големо се пишува дека Кристијано Роналдо минатата недела побарал од првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез да го ослободи од обврските на крајот на сезоната и да побара нормална отшета, а не 400 милиони евра, сума која што ја бараше во последните години од ПСЖ и од Манчестер Јунајтед.

Без разлика што ќе наполни 33 години, а неговиот договор со Реал Мадрид завршува во 2021 година, освојувачот на четири „Златни топки" е незадоволен и сака да си замине по девет години.

Прв во редот за Роналдо застана ПСЖ. Францускиот тим веќе неколку години чека ваква вест, без разлика што го купи Нејмар од Барселона за 222 милиони евра, а Мбапе го позајми од Монако за 180 милиони евра, првиот човек е подготвен да го одврзи кесето.

Францускиот тим има добар план, бидејќи е под истрага на ФИФА за крешење на финансискиот „Фер плеј", одлучи да започне со продажба на дел од ѕвездите за да го донесе Роналдо. На продажба се Кавани, Ди Марија и Дрекслер.

Најново во Меѓународен Фудбал