СЕ СЛУЧИ НАЈЛОШОТО СЦЕНАРИО

Стигна потврда од ПСЖ: Нејмар оди на операција

И покрај тоа што сите се надеваа дека Нејмар ќе биде оспособен за реванш мечот со Реал Мадрид од осминафиналето во Лигата на шампионите, сепак стигна лоша вест од таборот на францускиот тим.

објавено: 28 февруари 2018 - 21:13

Бразилецот на дуелот со Монако, минатата недела заработи повреда на стапалото, иако се шпекулираше дека во ПСЖ ќе се обидат да го решат проблемот без операција и тој ќе може да настапи против Реал Мадрид во реванш мечот од осминафиналето, сепак ќе мора да оид под „нож".

„По првичните третмани во изминатите три дена, медицинскиот тим на ПСЖ и репрезентацијата на Бразил донесоа заедничка одлука. Во договор со играчот е одлучено дека ќе мора да подлежи на оперативен зафат во Бразил кон крајот на оваа седница.
По операцијата Нејмар го чека долга пауза, повеќе информации околу потенцијалниот датум за неговото враќање на терените ќе биде дополнително објавен", се вели во соопштението на ПСЖ.

Најново во Меѓународен Фудбал