По 15 кола дојде ред да падне и ПСЖ во Франција

Стразбур прв ги згасна „светците“ од Париз

Стразбур е првата екипа во Франција што успеа да го победи моќниот состав на Пари Сен Жермен, а јунаци на домашниот тим се Нуњо Да Коста и Стефан Бахокен, кои беа стрелци во победата од 2:1

објавено: 2 декември 2017 - 19:31

Стразбур е првата екипа во Франција што успеа да го победи моќниот состав на Пари Сен Жермен, а јунаци на домашниот тим се Нуњо Да Коста и Стефан Бахокен, кои беа стрелци во победата од 2:1.

Играчите на Стразбур најдоа рецепт за триото Нејмар, Мбапе и Кавани и се први што славеа победа против ПСЖ, екипа која „падна“ дури во 16. рунда во францускиот шампионат.

Стрелец за лидерот на табелата беше Мбапе за 1:1, но поразот им го запечати Бахокен со гол во второто полувреме.

Најново во Меѓународен Фудбал