ФРАНЦУСКАТА ЛЕГЕНДА Е ПРОТИВ

Лизаразу: ВАР е како секс без задоволство

Некогашниот француски репрезентативец Биксент Лизаразу е еден од многуте фудбалери кои се против ВАР технологијата

објавено: 3 април 2018 - 17:20

Некогашниот француски репрезентативец Биксент Лизаразу е еден од многуте фудбалери кои се против ВАР технологијата. ПСЖ во саботата го освои францускиот Лига Куп совладувајќи го Монако со 3-0. При 2-0, Радамел Малкао постигна гол за Монако, но истиот не беше признат поради оф-сајт. Дури и ВАР го потврди тоа.

„ВАР е како секс без задоволство. Кога ќе дојде до врвот некој ќе ти каже стоп. Така јас се чувствував на стадионот. Навивачите на Монако беа воодушевени по погодокот, а потоа се застана. Тоа е ужано, фрустрирачки", рече Французинот, кој додаде:
Мораме подобро да ја користиме видео технологијата".

Првиот гол на истиот меч го постигна Едисон Кавани од белата точка, по користење на Вар технологијата.

Најново во Меѓународен Фудбал