ТОА Е КОГА ГИ ГЛЕДААТ САМО МЕСИ И РОНАЛДО

Франс фудбал со порака до Иниеста: Андрес извини што не ти ја дадовме „Златната топка“

Француското списание сега признава дека згрешиле

објавено: 25 април 2018 - 11:00

Француското списание „Франс Фудбал“ му се извини на капитенот на Барселона, Андрес Иниеста за тоа што никогаш не му ја додели наградата „Златна топка“. Шпанскиот „волшевник“ е еден од најомилените играчи во светот. Каде и да се појави, сите од трибините го поздравуваат. Така беше и во финалето на Купот на Шпанија, кога сред Мадрид, цел стадион му аплаудираше кога излезе од терен, на дуелот против Севилја. 

„Прости ни Андрес“ е насловот на текстот во кој списанието се извини за големиот пропуст кој го направи и му се заблагодари на Иниеста за се што направи во текот на целата кариера. Од Франс фудбал потенцираат дека грешката може да ја исправат оваа година, доколку Иниеста одигра одлично на престојното Светско првенство во Русија. 

„Иниеста е жив доказ дека мозокот без сомнение е најголемото оружје. Тој е голем шампион“, спои во дел од текстот. 

Најблиску до „Златната топка“ Иниеста беше во 2010 година. Тогаш го даде „златниот гол“ во финалето на Светското првенство во Јужна Африка, кога Шпанија со 1:0 ја победи Холандија и за прв пат во историјата „црвената фурија“ стигна до планетарниот трон. Тогаш во изборот, Иниеста заврши на второто место зад соиграчит Лионел Меси, а пред уште една легенда на Барселона, Чави Ернандес. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал