ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ СО ЛЕТОТ

Фудбалерите на Хондурас до Австралија патуваа 37 часа

Претпоследниот учесник на Светското првенство ќе биде познат утре наутро, по реваншот меѓу Австралија и Хондурас

објавено: 13 ноември 2017 - 16:05

Австралија и Хондурас утре во 10 часот наутро ја започнуваат финалната битка за пласман на Светското првенство во Русија. Хондурас не успеа да се стекне со предност по првиот меч одигран на свој терен, откако мечот заврши без погодоци. Реваншот се игра во Сиднеј, а на Австралија доволно и е и минимална победа.

На враќање од Хондурас, „кенгурите“ патувале 21 часа. Од Хондурас преку Хаваи до Сиднеј за речиси еден ден. Експедицијата на Хондурас реши да одбере друга рута за пат до Австралија. Тие патуваа преку Лос Анџелес и патот им излезе многу подолг. 

На аеродромот во Лос Анџелес неочекувано останаа многу часа подолго, откако летот им беше одложен. На крајот, репрезентативците на Хондурас во Австралија стигнаа за неверојатни 37 часа патување.  

Останува да се види колку ова исцрпувачко патешествие ќе остави трага во играта на Хондурас.

Најново во Меѓународен Фудбал