ПО ПОБЕДАТА НА УРУГВАЈ ВО ДУЕЛОТ СО ВЕЛС

Фудбалот бил најдобар во Европа? Америка води 9:1 против „стариот континент“

Некогашниот двократен светски првак со 1:0 победи во финалето на „Кина Купот“

објавено: 26 март 2018 - 18:10

Уругвај е освојувач на трофејот на „Кина Купот“, откако минимално со 1:0 славеше во дуелот против Велс. Единсон Кавани беше стрелец на единствениот гол, на почетокот на второто полувреме. Во текот на целиот дуел, Уругвај беше подобар тим. Јужноамериканците во првото полувреме два пати ја погодуваа стативата, а во вториот дел се израдуваа на погодокот. 

Со оваа победа на Уругвај, продолжува доминацијата на американските репрезентации во дуелите со селекциите од Европа. петкратниот светски првак Бразил со 3:0 го победи домаќинот на СП 2018, Русија. Аргентина со 2:0 ја победи Италија, а Костарика со 1:0 беше подобра во Глазгов од Шкотска. 

Колумбија направи пресврт и со 3:2 победи во Париз против Франција, а Уругвај со 2:0 беше подобар од Чешка. Перу на неутрален терен во САД со 2:0 ја победи Хрватска, а Мексико со 3:0 го растури Исланд. Пораз на свој терен доживеа и Шведска од Чиле со 1:2, а денеска Уругвај само ја продолжи низата со триумфот над Велс. 

Единствената победа на европските селекции е таа на Данска против Панама и тоа минимална со 1:0.

Утре се играат уште четири меча меѓу Европјани и Американци. Германија ќе го пречека Бразил во Берлин, додека Шпанија во Мадрид ќе се соочи со Аргентина. Швајцарија ќе ги одмери силите со Панама, а Данска ќе му се спротистави на Чиле.

 

Најново во Меѓународен Фудбал