ПОСЛЕДНИ ШАНСИ ЗА ИГРАЧИТЕ ДА НАЈДАТ КЛУБОВИ

Фудбалскиот преоден рок трае во уште 26 европски земји

Во Македонија заврши синоќа, но низ европа трае уште во 26 држави кои што во следните денови можат и натаму да прават трансфери

објавено: 12 февруари 2019 - 12:30

Македонските клубови повеќе не смеат да купуваат играчи за пролетниот дел од сезоната. Синоќа на полноќ заврши преодниот рок за нашите тимови, а со тоа клубовите ги комплетираа своите состави за настапите во втората полусезона. 

Најмногу од кај нас пазареше Работнички во овој преоден рок, Шкендија осетно се засили, како и Вардар. Имаше и неколку интересни трансфери како оној на Кристијан Стојкоски од Шкупи во Беласица. 

Оние кои се слободни фудбалери, можат да прават трансфери уште во 26 европски земји, со оглед дека во толку трае преодниот рок. Тие земји се: Унгарија, Хрватска, Лихтенштајн, Швајцарија, Словенија, Ц. Гора, Словачка, Ирска, Русија, Чешка, Литванија, Романија, Ерменија, Бугарија, Полска, Украина, Естонија, Летонија, Ф. Острови, Белорусија, Грузија, Норвешка, Шведска, Казахстан, Финска и Молдавија. 

Во Унгарија завршува за два дена, а во Хрватска за три. Најмногу трае во Молдавија каде што играчите ќе прават трансфери и во следните 58 дена. Во Русија трае уште 10 дена. 

Најново во Меѓународен Фудбал