Ги снема за час

Гала кражба, на ФИФА и украдоа часовници вредни над 500 илјади евра

Шест луксузни часовници од познатиот бренд „Хубло“ беа украдени пред почетокот на гала церемонијата во Цирих, каде беа избрани најдобрите во фудбалот во 2016 година

објавено: 11 јануари 2017 - 15:30

Шест луксузни часовници од познатиот бренд „Хубло" беа украдени пред почетокот на гала церемонијата во Цирих, каде беа избрани најдобрите во фудбалот во 2016 година.

Штетата е над 500 илјади евра, бидејќи еден часовник од реномираниот швајцарски производител чини над 100 илјади франци, или нешто повеќе од 90 илјади евра, 

Интересно е што сите наградени добија часовници и тоа секој различен, но само како замена за луксузните и украдени часовници. Случајот е пријавен во полиција, а Роналдо и останатите лауреати ќе си ги добијат наградите, кога ќе се најдат крадците.

Најново во Меѓународен Фудбал