ИТАЛИЈАНСКИОТ КАЛЧОЛИГАШ Е ПОД ГОЛЕМА ЗАКАНА

„Game over“ за Милан, ќе биде исфрлен од Лигата на Европа!?

УЕФА не е убедена дека клубот ќе го помине правилото за финансиски фер-плеј

објавено: 23 ноември 2017 - 15:20

Милан се соочува со можно исфрлување од Лигата на Европа, откако италијанскиот калчолигаш не ги убеди челниците на УЕФА дека нивниот финансиски проект е стабилен. Извршниот директор на „росонерите“, Марко Фасоне бил на состанок во Нион, но никој од УЕФА не е сигурен дека Милан ќе ги заработи парите кои ги очекуваат како прилив во тимот од „Сан Сиро“. 

„Ме загрижува ситуацијата во Милан. Ќе видиме што ќе се случи. Во овие моменти се е можно“, рече претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, кој не ја отфрли и можноста Милан да биде исфрлен од европските купови. 

Милан во минатиот преоден рок потроши 200 милиони евра за нови играчи, а тие пари ги немаат заработено од продажба на нови играчи, а со тоа го нарушува и финансискиот фер-плеј.  

Најново во Меѓународен Фудбал