ЏЕНАРО МОРА ДА ПОТПИШЕ НОВА СОРАБОТКА

Гатузо има годишна плата од 120.000 евра, бидејќи работи со стариот договор

Се очекува официјалната потврда да стигне пред дербито против Јувентус

објавено: 21 март 2018 - 13:45

Џенаро Гатузо ќе потпише нов договор со Милан, што значи дека челниците на клубот се задоволни од работата на стратегот на „Сан Сиро“. Некогашниот играч на Милан, застана на клупата на „росонерите“ пред пет месеци, кога го замени Виченцо Монтела. 

Неверојатно е тоа што Гатузо моментално работи со договорот кој му е потпишан да биде тренер на јуниорите, каде му стои дека има годишна плата од 120.000 евра. Со овие примања, популарниот Рино е најслабоплатениот тренер во Серија А. 

Се очекува Гатузо да потпише договор до 2020 година, а платата да му се зголеми и тоа за 10 пати, односно да добива 1,2 милиони евра по сезона. 

Најново во Меѓународен Фудбал