ШТО МИСЛИ ТРЕНЕРОТ НА „РОСОНЕРИТЕ“ ЗА ГОЛОТ НА КУТРОНЕ

Гатузо призна дека Милан нерегуларно го победил Лацио

И покрај тоа што рече дека погодокот требало да биде поништен, Џенаро имаше само пофални зборови за своите играчи

објавено: 29 јануари 2018 - 13:35

Милан синоќа со 2:1 го победи Лацио во дербито на Серија А, но во фокусот остана колку е регуларен голот кој го постигна Патрик Кутроне. Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо призна дека погодокот на „росонерите“ не бил регуларен, но и покрај тоа си се радуваше на трите бода. 

„Среќен сум бидејќи победивме добар тим. им честитам на момците за играта. Чесно е да кажам дека мислам дека голот на Кутроне е постигнат со рака. Тоа го забележав на повторената снимка и требаше да биде поништен. Сепак, не сакам мечот да се памти само поради таа ситуација. Имавме многу шанси, а на моменти немавме среќа“, рече Гатузо. 

Со тие три бода Милан се искачи на седмото место на табелата и има 34 поени, три помалку од шестопласираната Сампдорија, која е на позиција што води во Лигата на Европа. 

Најново во Меѓународен Фудбал