ТРЕНЕРОТ НА МИЛАН ПРЕПУШТА АРСЕНАЛ ДА БИДЕ ФАВОРИТОТ

Гатузо: Во моментов италијанскиот фудбал не може да се споредува со англискиот

Вечерва во 19 часот, „росонерите“ го пречекуваат лондонскиот тим во нокаут фазата од Лигата на Европа

објавено: 8 март 2018 - 16:45

Вечерта кога Јувентус направи спектакуларен пресврт и со 2:1 славеше на гостувањето кај Тотенхем во Лигата на шампионите, тренерот на Милан, Џенаро Гатузо даде изјава во која едноставно како да се предава пред дуелот против Арсенал, кој се игра вечерва на „Сан Сиро“.

„Италијанските тимови се претставуваат добро во Европа, но сепак нема како да ги споредувам англискиот и италијанскиот фудбал во моментов. Пред 10 години беше обратно, но денес најдобрите играчи одат да играат во Премиерлигата. Во исто време тоа е можност за младите играчи во Италија. Не случајно зборам за играчи како што Патрик Кутроне и Давиде Калабрија, кои добија можност да ги покажат своите квалитети. Тука има и многу други талентирани млади играчи во Италија“, рече Гатузо. 

Јувентус синоќа покажа дека сепак калчолигашите не се во подредена ситуација со англиските екипи и на „Вембли“ во Лондон го елиминираше Тотенхем од Лигата на шампионите. Вечерва останува да се види дали ќе може Милан да потврди дека сепак калчото е конкурентно на Премиерлигата. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал