ПРЕГОВОРИТЕ СЕ ВО ТЕК

Анте Ребиќ пред трансфер на кариерата

Хрватскиот репрезентативец кој беше еден од најдобрите играчи на светскиот вицепрвак на Мундијалот во Русија, наскоро би можел да стане член на Баерн Минхен. 

објавено: 19 јули 2018 - 22:30

По одличната игра во дресот на Хрватска на Светското првенство, Анте Ребиќ стана мета на голем број клубови. Најблизу до неговите услуги е Баерн Минхен, како што пишуваат германските медиуми, менџерот Фали Рамадани веќе е на преговори во Минхен. 

Одличниот напаѓач имаше добра сезона во дресот на Ајнтрахт, каде тренер беше новиот предвоник на Баерн, Нико Ковач.

Хрватскиот фудбалер има настапувано за Верона, Лајпциг, Фиорентина и Сплит, во таборот Ајнтрахт дојде во 2016 година. За неговиот трансфер, Бавараците ќе мора да платат околу 30 милиони евра.

 

Најново во Меѓународен Фудбал