ТОА Е ГИГАНТОТ ОД БАВАРИЈА

Баерн ги распродаде СИТЕ влезници за СИТЕ мечеви во наредната сезона?!

Ако некој сака да го гледа „во живо", новиот тим на клубот оа Минхен, тоа ќе биде скоро невозможно...

објавено: 5 јули 2018 - 08:00

Добар фудбал, уште подобар стандард, и тоа оди така некако, како подмачкано...

За нас „смртниците" тоа е вест, па дури и за добар дел од современиот фудбалски свет. За Германците пак само една информација од протоколот.
Вели вака. Екипата на Баерн од Минхен ги распродаде сите натпревари за наредната сезона!

 

Значи, веќе нема ниту една влезница за ниту еден од они 17. мечеви во Бундеслигата кои Баварците ќе ги одиграат на домашен терен, но исто така нема влезни билети и за гостувањата на кои најтрофејниот германски клуб ќе оди следната сезона (посебен сектор кој им следува на гостите).
Се е распродадено, а остануваат само стотина влезници, оние кои се пуштаат на денот на одигрување на мечот.
Но како да се стигне до нив?
И сето тоа на седум недели пред почетокот на Бундеслигата?!
Итоа не е се, затоа што заклучно со вчерашниот ден, славниот клуб ги продаде сите влезни билети за Суперкупот против Ајнтрахт од Франкфурт, односно првото коло од ДФБ купот на кој игра против нисколигашот Дрохтерсел Асел.
Не е лошо, зарем не?

Најново во Меѓународен Фудбал