РЕВОЛУЦИЈА ВО МИНХЕН

Баерн ќе менува половина тим

Ќе останат десетина играчи, доаѓаат исто толку

објавено: 7 мај 2018 - 15:30

Баерн Минхен најавува огромни промени во играчкиот кадар за следната сезона. После неуспехот во Лигата на шампионите, тимот реши значајно да ја смени екипата, па така новиот тренер, Нико Ковач, на располагање ќе има состав кој е доста поразличен од тој на Јуп Хајнкес. Во баварскиот гигант остануваат некои од најискусните фудбалери (Робен и Рибери), но ќе им се дава помала минутажа, а веќе е позната и листата на желби и потенцијални принови.

Во германската лига, Баерн е доминантен и тоа е нешто нормално за нив, но клубот е гладен за европски успеси и таа цел, подготвени се за потрошат многу пари.

На продажба е ставен Артуро Видал на кого договорот му истекува во 2019 година. За Чилеанецот има интерес од италијански и англиски клубови. „Воинот" беше купен од Јувентус за 40 милиони евра и ако Баерн добие таква или повисока понуда, сигурно ќе го продаде. Големи се шансите да си замине голгетерот Роберт Левандовски, бидејќи не сакаат во своите редови да имаа незадоволен играч. Реал Мадрид и Челси се фаворити за неговиот потпис. Во случај на добра понуда, нема да му се попречува патот кон излезната врата ниту на Боатенг.

Остануваат Хумелс, Алаба и Алкантара, меѓу стативите се враќа Нојер, а нови имиња во Баерн се очекува да бидат Тимо Вернер, Горецка и Макс Мејер. Прв на листата на желби за засилување на Баерн е Паоло Дибала од Јуве, а преговори се стартувани и со Марсијал, како освежување за нападот. Се спомнуваат и Малком од Бордо, младиот холандски дефанзивец Де Лихт.

Од сегашниот тим ќе останат 12 или 13 играчи, не се знае што е со Ренато Санчез кој е на позајмица, а буџетот ќе биде освежен со пари од продажбата на Даглас Кошта во Јувентус. Дали сите овие промени ќе му донесат на Баерн титула во ЛШ, тешко е да се каже уште отсега, но подмладувањето може да донесе резултат во блиска иднина.

Најново во Меѓународен Фудбал