МАНЧЕСТЕР ЏАБЕ СЕ ТРУДИ

Баерн одби 100 милиони евра за Милер

Германскиот првак ја отфрли и најновата понуда на „црвените ѓаволи“

објавено: 15 февруари 2017 - 19:36

Баерн Минхен по ниедна цена не сака да го продаде Томас Милер. Германскиот првак го одби и најновиот налет на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ понудија 100 милиони евра, но баварците ги одбија. Ова е трет пат најтрофејниот англиски тим да се обиде да го доведе Милер и повторно беше неуспешен. 

„Точно е дека имаше понуда од Манчестер Јунајтед. Добивме факс од Англија со понуда, но во нашиот тим никогаш не бил на дневен ред продажба на Милер“, рече извршниот потпретседател на клубот, Јан-Кристијан Дрезен. 

Милер сезонава не игра на посакуваното ниво. Досега има само четири погодоци, но и покрај тоа воопшто не доаѓа во план да продаде германскиот репрезентативец. Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ ги има доведено Пол Погба, Хенрик Мхитарјан и Ерик Бај за вкупна сума од 150 милиони фунти, додека Златан Ибрахимовиќ дојде како слободен играч. 

Сепак за Мурињо уште е неуспешна мисијата за доведување на Милер од Баерн Минхен.

Најново во Меѓународен Фудбал