Извлечени двојките за 1/4-финалето на Купот на Германија

Баерн против тимот кој го елиминираше Баер (Л)

Во полуфиналето сигурно ќе има и еден второлигаш, затоа што во следната фаза ќе играат Падерборн и Хамбургер.

објавено: 10 февруари 2019 - 22:45

Германската фудбалска федерација денеска ја направи и ждрепката за четврфиналените средби од националниот куп. Актуелниот шампион, Баерн (М) во битката за полуфиналето за противник го доби најпријатното изненадување од минатата фаза, второлигашот Хајденхајм, кој успеа да го елиминира Баер (Л).

Во оваа фаза ќе имаме и две бундеслигашки пресметки. Шалке на домашен терен ќе се сретнат со Вердер, додека Аугзбург ќе го пречека РБ Лајпциг.

Интересно е што во полуфиналето сигурно ќе има и еден второлигаш. Тоа ќе биде победникот од мечот меѓу Падерборн и Хамбургер.

Четвртфиналените средби се закажани на 2 и 3 април.

Шалке - Бремен

Баерн - Хајденхајм

Падерборн - Хамбургер

Аугзбург - Лајпциг

Најново во Меѓународен Фудбал