„КАТАЛОНЦИТЕ“ ДОБИЈА СЕРИОЗНА КОНКУРЕНЦИЈА

Барса се договори со Јовиќ, но Реал им ја расипува работа

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт Лука Јовиќ е интересен за шпанските великани Барселона и Реал Мадрид

објавено: 12 февруари 2019 - 19:15

„Франкфуртер Алемање Цајтунг" објави дека срспкиот фудбалер и Барселона ги договориле личните услови, но шпанскиот гигант мора да се договори со Ајнтрахт околу висината на отштетата. Наводно Барса била спремна да плати 35 милиони евра, меѓутоа се појави препрека. И Реал Мадрид влезе во игра со тоа што на Ајнтрахт му понудиле 45 милиони евра за напаѓачот кој сезонава постигна 14 голови во 19 бундеслигашки натпревари.

Во меѓувреме Ајнтрахт ја активираше клаузулата за откуп на договорот на Јовиќ од Бенфика во вредност од 12 милиони евра, затоа што некогашниот напаѓач на Црвена Звезда прифатил да ја смени средината уште ова лето. А Ајнтрахт задоволно трие раце затоа што ќе има добра заработка.

Најново во Меѓународен Фудбал