Задоволството ќе донесе продолжена соработка

Борусија (Д) вади нов договор за Фавре

"Жолто-црните" водат со 7 бода пред Борусија Менхенгладбах и Баерн Минхен во Бундеслигата, а освен тоа се и во осминафиналето во Лигата на шампионите.

објавено: 7 февруари 2019 - 09:15

Лидерот во германската Бундеслига, екипата на Борусија Дортмунд ќе работи на продолжување на договорот на тренерот Лусиен Фавре. Ова го призна првиот човек на клубот, Ханс-Јоаким Вацке.

Швајцарецот е под договор со екипата на „милионерите“ до летото 2020 година, но на стадионот "Сигнал Идуна Парк" се презадоволни од неговата работа и бараат начин како да го задржат што е можно подолго. Многумина сметаа дека елиминацијата во Купот ќе биде разочарување, но Вацке вели дека Фавре засега си ја врши работата беспрекорно добро.

„Логично е дека ќе разговараме со него за продолжување на договорот, бидејќи тој врши одлична работа. Одлично се разбираме и сакаме нашата заедничка работа да продолжи", изјавил Вацке.

Според извештаите на медиумите во Германија, разговорите ќе почнат во март.

Најново во Меѓународен Фудбал