„МИЛИОНЕРИТЕ" НЕ СЕ ШЕГУВААТ

Борусија ја продолжи суспензијата за Дембеле

Само три дена откако ја одбија понудата за младиот Французин која дојде од Барселона, раководството на тимот од Дортмунд донесе уште една тешка одлука.

објавено: 13 август 2017 - 16:00

Неизвесна и понатаму е судбината на Осман Дембеле како играч на Борусија од Дормунд. Особено што веќе извесен период е под клупска суспензија, казна која ја доби поради еден пропуштен тренинг со другиот дел од тимот.

Јасно и поради што ако се земе в предвид дека веќе подолг период неговите мисли се насочени кон Барселона. Екипата која и официјално е заинтересирана за неговите услуги.


Сепак, претставниците на борусија се сретнаа со оние од Каталонија, токму поради Дембеле. Но Барса не понуди сума која му одговара на германскиот клуб. За недолго потоа „милионерите" објават дека трансфер на Дембеле во Барселона во овој момент е крајно неизвесен.

„Моментално сме фокусирани на подготовките на првиот меч на Борусија со Волфсбург. Секако, Дембеле има прилика да тренира индивидуално, надвор од тимот" - истакна спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк.

Дембеле дојде во Дортмунд минатата сезона од Рен. Тогаш потпиша петгодишен договор со „милионерите".

Најново во Меѓународен Фудбал