УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ЗДЕЛКА НА „МИЛИОНЕРИТЕ“

Борусија за 16 милиони евра „грабна“ талент на Бока

Жолто-црните продолжуваат со подмладување на екипата, а овој пат купија централен бек

објавено: 12 јануари 2019 - 11:45

Борусија Дортмунд ја засили одбраната. Нов играч на популарните „Милионери" и осумкратни германски шампиони е Леонардо Балерди. Се работи за 19. годишен фудбалер на Бока Јуниорс кој минатата година дебитираше за првиот тим на јужноамериканскиот вицешампион. Скаутите на Борусија одамна го пикирале овој централен бек, а со скромните пет настапи само потврди дека има потенцијал.

Затоа жолто-црните побрзаа да го донесат Белерди и буквално го „украдоа" пред носот на Јувентус и Барселона. Аргентинецот во вторник ќе дојде во Германија на задолжителни лекарски прегледи по што ќе биде потпишан договор на пет години.

Бока ќе добие отштета од 16 милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал